Dom Na Kultura Vinica

  • Home
  • Dom Na Kultura Vinica

Dom Na Kultura Vinica Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Dom Na Kultura Vinica, Bel Kamen 13, .

21/08/2025

🎉СВЕЧЕНА ПРОСЛАВА ПО ПОВОД 81 ГОДИНА ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ🎉

📢Општина Виница со голема чест и задоволство Ве поканува на централната манифестација по повод годишнината од ослободување на нашиот град.

🇲🇰Да го прославиме заедно овој ден и да ја негуваме слободата, културата и заедништвото!

20/08/2025

🎭 Подгответе се за финалето на „Охридско лето“
📍 Центар за култура „Григор Прличев“, 20 август – 21:00

Најсилната драма доаѓа на крај:
„Приказната на Електра“ – европска премиера, под режија на Дејан Пројковски и текст на Сашо Димоски.

Современ театарски ритуал инспириран од античкиот мит, изведен во копродукција со јужнокорејската АРТЕМА – Театарска лабораторија. Спектакл што ги надминува јазиците и границите.

🎟️ Последна можност да бидете дел од годинешната магија на сцената под отворено небо.

#ОхридскоЛето2025 #СвеченоЗатворање #ЕлектраВоОхрид #УметностаТрансформира

19/08/2025

"Првиот семеен портрет на #прилепско #МАКЕДОНСКО семејство нацртан е на почетната страница на минејот за месец август 1793 година, подарен на Иверскиот манастир на #Света #гора.

На портретот е прилепско семејство Хаџи Јован од Прилеп, сопругата Рада и децата Живко и Славе, сите стари македонски имиња со посебно значење, кои во 1793 година биле на поклонение во Иверскиот манастир.

Кај „Хаџи Јован“, јасно се гледа употребата на буквата ’Џ‘ во тој македонски црковен натпис од 18. век.

Бугарските пропагандисти денес често тврдат, односно лажат дека буквата ’Џ‘ е „вештачка“, и дека во македонскиот литературен јазик и правопис е насила вметната од српската пропаганда."

By Сања Македонска Новаковска

19/08/2025

Три дена музика, традиција и забава во Македонска Каменица по повод Денот на рударите – 26, 27 и 28 август 2025! 🎶

Македонска Каменица и оваа година со гордост го одбележува Денот на рударите – 28 август, со тридневна културно-музичка програма што ќе ја претвори градската сцена во центар на традицијата, современите звуци и незаборавните емоции.

Организатори на прославата се Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“, а настанот е под покровителство на Рудникот „Саса“, кој со години ја поддржува оваа значајна прослава на рударскиот труд, заедништво и гордост.

✨ Првата вечер – Фолклорна магија (вторник, 26 август 2025)
Вечер посветена на ритмите и играорците! Ќе настапат:
• Културно-уметничко друштво од Република Бугарија
• Културно-уметничко друштво од Република Србија
• Ф.А. „Китка“ од Истибање
• КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица

Шаренилото на костимите, песните и ората ќе ја претвори сцената во мозаик на културно богатство и пријателство меѓу народите.

🎸 Втората вечер – Рок енергија (среда, 27 август 2025)
Публиката ја очекува вистинска експлозија од емоции и добро познати звуци:
• Спасен Силјаноски – глас кој носи топлина и традиција
• REPLAY BAND – Unplugged со хитови во ново светло
• Легендарните Дивље јагоде, со рок енергија што со децении ја полни балканската сцена

🎤 Големото финале – Денот на рударите (четврток, 28 август 2025)
Во 20 часот вечерта ќе ја отворат најмладите – хорот „Поточиња“ и нивниот Поки. Забавата потоа продолжува со:
• DJ Пајак – со сет што ќе ја подигне енергијата
• Митан проект и Андијана Јаневска – совршен спој на традиција и современост, обоен со нејзиниот магичен глас
• И за крај – неповторливата Дани Димитровска, чиј моќен вокал ќе биде вистинска круна на прославата

🎆 Македонска Каменица повторно ќе пулсира како град на културата, забавата и заедништвото.

👉 Да прославиме заедно – со рударите, за рударите, и за сите што го сакаат животот во ритам!

19/08/2025
Со тага се простуваме од Јордан Поп Илиев – извонреден карикатурист и драг учесник на конкурот за карикатура во рамките ...
30/07/2025

Со тага се простуваме од Јордан Поп Илиев – извонреден карикатурист и драг учесник на конкурот за карикатура во рамките на Фестивал за хумор и сатира „ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС“ .
Неговата линија зборуваше повеќе од зборови. Ќе го паметиме со почит. Нека му е вечна светлина.

14/07/2025
Повелете на изложба во недела 🎨
11/07/2025

Повелете на изложба во недела 🎨

📖 Промоција на книгата " На иста адреса " од авторите Христина Деолска и Миле Ѓорѓијоски
17/06/2025

📖 Промоција на книгата " На иста адреса " од авторите Христина Деолска и Миле Ѓорѓијоски

✨️ Едно убаво летно освежување со поезија-афоризми ✨️Повелете на промоција во петок 📖Сите сте добредојдени ⬇️
11/06/2025

✨️ Едно убаво летно освежување со поезија-афоризми ✨️
Повелете на промоција во петок 📖
Сите сте добредојдени ⬇️

Address

Bel Kamen 13

2310

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Dom Na Kultura Vinica posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

  • Want your business to be the top-listed Event Planning Service?

Share