17/03/2026
15.03.2026 Кино салата на Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница, комеморативен настан организиран од Општина Виница, по повод една година од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади луѓе, меѓу кои и виничанките Ана и Моника.
Со рециталот на ученичките Инес Ампова,Хана Стаменкова и Ева Јанкулов од СОУ „Ванчо Прќе“ – Виница и музичкиот настап на Лазар Велков од Виница ученик во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип, преку поезија и музика ја пренесоа болката, но и надежта дека споменот за нив останува да живее.
За жал, оваа трагедија и непреболот, ќе ја обликуваат културната епоха и колективната меморија на нацијата . ❤️🇲🇰