10/12/2025
✨ Добредојдовте во Хотел 38✨
Оваа зима, нашето фото студио се претвора во магично место каде детската фантазија оживува… 🎄🧸
Приказната започнува во мал, топол хотел во срцето на градот. На рецепцијата Ве чекаме со клучеви од најубавите соби, подароци спакувани со љубов и чувство дека тука секое дете е посебен гостин.
Во хотелската соба, меките перничиња, големите плишани мечиња и празничните бои шепотат приказни за ноќи полни со соништа, смеа и очекување на Дедо Мраз.
А кога ќе се спушти завесата… 🎭
се отвора волшебното катче со куклен театар – место каде малите рачиња стануваат јунаци, а секоја насмевка создава нова бајка. Тука се раѓаат приказни за пријателство, топлина и вистинскиот дух на Божиќ.
✨ Овие празнични сетови не се само сценографија –
тие се спомен што се чува засекогаш, момент уловен во фотографија и приказна што ќе ја раскажувате секоја зима.
📸 Резервирајте го вашето место во нашиот Хотел 38
и дозволете му на вашето дете да биде дел од една магична приказна. 🎄✨