ЗГ Градски хор Штип 2019

ЗГ Градски хор Штип 2019 ГРАДСКИ ХОР ШТИП

26/03/2026

🎶🤍🎵

26/03/2026

🎵🤍🎶

Споделуваме уште еден значаен момент за нашиот хор.По повод долгогодишната, искрена и плодна соработка со хрватското здр...
26/03/2026

Споделуваме уште еден значаен момент за нашиот хор.

По повод долгогодишната, искрена и плодна соработка со хрватското здружение „ЛИБЕРТАС“, ни беше доделено признание кое за нас претставува симбол на пријателство, почит и заеднички вредности.
Овој настан, исполнет со топлина и емоции, го збогативме со изведба на две прекрасни хрватски песни – како мал, но искрен израз на нашата благодарност и почит кон културата и народот со кој сме поврзани.
Посебна благодарност упатуваме до претседателката Долорес Тереза Петров, чија посветеност, визија и човечка топлина се темелот на оваа убава соработка.
А ова признание е само уште еден показател, дека песната е златна нитка која ги спојува срцата.

Со искрена благодарност. 🤍🎶✨

14/02/2026

Таму, во Дубаи, далеку од дома, нашата родина, нашата Македонија, звучеше гордо, големо и силно, со песната испеана од срце и душа 💫 🎶🇲🇰
Благодарност до Телевизија M-Net

13/02/2026

Голема благодарност до ТВ Алфа на поканата за учество во емисијата Везилка.
Се надеваме дека успешно ја исполнивме вашата доверба.

До наредно видување, секое добро!!

13/02/2026
12/02/2026

Благодариме ТВ СТАР 🇲🇰 🎶 💫

Со покана исполнета со срце, со малку неверување и многу возбуда – тргнавме кон Дубаи, како први Македонци што ја претст...
11/02/2026

Со покана исполнета со срце, со малку неверување и многу возбуда – тргнавме кон Дубаи, како први Македонци што ја претставуваат својата татковина со песна на таа далечна сцена.
Од срдечниот пречек во хотелот, до нашето достоинствено претставување – секој миг беше чест и одговорност.
Ја понесовме Македонија во гласовите, во песната, во душата.
Доживеавме сафари низ златната пустина на Дубаи, каде тишината зборуваше повеќе од илјада зборови.
Стоевме пред величествената Dubai Fountain, под сенката на Бурџ Калифа, восхитени од играта на водата и светлината.
Прошетавме низ чудесната Dubai Miracle Garden, каде боите мирисаат на радост, и ја посетивме Global Village – светот на едно место, каде културите се прегрнуваат.
Сепак, најубавиот момент беше оној кога ја запеавме нашата песна. Таму, далеку од дома, Македонија звучеше гордо и силно.
Со благодарност во срцето, се вративме побогати – со спомени, пријателства и чувство дека достојно ја претставивме нашата родина 💫🇲🇰

09/10/2025

Спремни за нови, убави, успешни и распеани предизвици 🎵🎸🎶

🎵Градски хор Штип 🎶 на "ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ" 🍀🎼🎸Охрид - 2025 🎶🇲🇰🎼🍀
28/09/2025

🎵Градски хор Штип 🎶 на "ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ"
🍀🎼🎸Охрид - 2025 🎶🇲🇰🎼🍀

Голем успех за Градски хор Штип на фестивал во Ќустендил. -ГЛАВНА НАГРАДА Градски хор Штип -ГЛАВНА НАГРАДА во својата ка...
28/09/2025

Голем успех за Градски хор Штип на фестивал во Ќустендил.
-ГЛАВНА НАГРАДА Градски хор Штип
-ГЛАВНА НАГРАДА во својата категорија Лина Костадинова
-ГЛАВНА НАГРАДА како инструменталец Драган Костадинов
-ПРВО МЕСТО Мирјана Ѓошева
-ПРВО МЕСТО Митко Шопов
Со среќа, нека се множат наградите и настапите.

Address

Ulica Solidarnost/br. 5/8
Stip

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЗГ Градски хор Штип 2019 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to ЗГ Градски хор Штип 2019:

Share