30/03/2026
Успехот е во деталите, компетентноста, креативноста и искуството, а истиот најдобро добива форма при организација на настани и вон својата земја, - место каде комфорната зона не постои. 👥️
Драго ни е што тимот на ИДЕА ЛАБ беше дел од организацијата и визуелниот идентитет на Бизнис форумот, што денес се реализираше во Будимпешта, насловен како „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија“.
Оживувањето и визуелизирањето на богатата агенда и пораки, кои беа пренесени на присутните, беше предизвик за нашата агенција, кој го реализиравме со целосна сигурност и доверба во нашиот тим, како и креативност.
Форумот беше шанса за спојување и разгледување на инвестициските можности помеѓу двете земји, каде се овозможи спојување и вмрежување на десетици врвни македонски и унгарски компании од бизнис заедницата.
Мапата за инвестирање, која воедно е и платформа што ги поврзува инвестициските можности со Националната развојна стратегија и Целите за одржлив развој, е восприемена како корисна за обединување на деловната заедница преку лоцирање на можностите за потенцијалните инвеститори.
На настанот се обратија
▪︎ Премиерот, Христијан Мицкоски, како и
▪︎ Јанош Бока, Министер за европски прашања на Унгарија,
▪︎ Каталин Бихари, Заменик-државен секретар за надворешни економски односи при Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, и извршен директор на HEPA – Унгарска агенција за промоција на извоз,
▪︎ Владимир Пешевски, советник на Премиерот и поранешен вицепремиер за економски прашања,
▪︎ Гоце Димовски, директор на ТИРЗ,
▪︎ Иштван Сархеги, потпретседател за владини работи, вселена и одбрана, 4iG Груп и
▪︎ Андраш Сабо, директор за мрежа на Wizz Air Hungary Zrt.