02/10/2026
Сакавме да направиме нешто за Скопје. За градот во кој почнавме, во кој растевме и во кој сите овие години ја градевме нашата приказна.
Затоа го избравме Камениот мост.
И сакавме оваа вечер да биде и едно наше „благодарам“ до сите вас кои сте со нас низ годините. До оние кои нè следат од почеток, но и до оние кои ни се придружија по пат.
За една вечер го претворивме Камениот мост во писта.
За вас. За градот.
За нашите први 20 години.
KOKEV × IQOS
26.09.2026
Камени мост, Скопје
Град Скопје, благодариме