Coffee Fest Skopje

Coffee Fest Skopje Бидете тука за подетални информации за второто издани?

Вистинско чудо е како светот почнува да се менува низ “очите“ на една чаша кафе!

Кафето отсекогаш бил доблесен напиток. И повеќе од тоа - изгледа како основна потреба на човечкото срце во скоро секоја ситуација - среќа или криза, да е добра, топла чаша кафе. Тој освежува, утешува, зближува, му дава потстрек на денот. Тој прераснува во стил на живот, тој знае да биде главна состојка и причина за

да се случи една романса, деловен успех, животна мудрост. Токму неговата суштина, неговите својства и значење се причина кафето да биде искрено обожувано, да доживее култ, а култот да го доживее својот зенит во еден ексклузивен настан - Coffee Fest Skopje.

Фестивалот претставува место каде секојдневниот кафе ритуал ќе го претворите во врвно искуство. Coffee Fest Skopje ги обединува сите на кои кафето им е неизоставен дел на животот - од произведувачи и дистрибутери, па се до крајните уживатели на кафе. Целиот свет на кафето на едно место.

Во првото издание на Фестивалот заедно го истражувавме и прославивме кафениот свет - дознавме работи кои не ги знаевме за кафето, откривме пикантерии за тоа како од необработено зрно кафе се доаѓа до рафинираната состојка која недвосмислено ги збогатува нашите животи. Со својата богата содржина и можност за дегустирање, Фестивалот отвори нови кафе хоризонти - новите димензии на кафето ни ги доловија вистинските мајстори за приготвување на кафе.

Покрај штандовите на изложувачите, беа застапени едукативни и забавни содржини (“Патот на кафето“, како да приготвите перфектно кафе, избор на најдобра декорација и прогласување на најдобар бариста, катче за деца, настап на бендови). И повеќе, Фестивалот понуди и дополнителни содржини кои овозможија Ваше врвно кафе искуство:

• COFFEE factory
• ТЕА garden
• CACAO section
• CHOCOLATE room
• FOOD market (Pastry)
• COFFEE Boutique

Првиот Coffe Fest Skopje се одржа од 21 до 23 септември, во Кафе Барот АБЦ.

За овогодинешното второ издание на Coffee Fest Ви подготвуваме дополнителни изненадувања и содржини. Следете ја нашата веб страница http://skopjecoffeefest.mk/ и нашиот фејсбук профил за да бидете информирани и за изненадувањата што Ви ги подготвуваме во пресрет на централниот настан.

Доколку патувате во Хрватска на одмор и ви се припие кафе во ресторан, погледнете ги цените во менито да не се случи да ...
01/08/2013

Доколку патувате во Хрватска на одмор и ви се припие кафе во ресторан, погледнете ги цените во менито да не се случи да ве изненадат (додуша не дека Грците не нѐ научија дека за кафе се плаќа и од 3 до 6€)
(Капучино: 4.2€(31куна) Газирана: 3.8€ Kока кола 4.5€...)

- Може едно кафе? - Не, благодарам.
21/07/2013

- Може едно кафе?
- Не, благодарам.

Дали ви е познато чувството: уморни од викендот, горештина и прескокнато утринското кафе (од понеделнички обврски)?
15/07/2013

Дали ви е познато чувството: уморни од викендот, горештина и прескокнато утринското кафе (од понеделнички обврски)?

Верувале или не, пристигнаа долго очекуваните фотки од петок
19/06/2013

Верувале или не, пристигнаа долго очекуваните фотки од петок

16/06/2013
Последен ден на Coffee Fest Skopje, програми за деца, latte art, чаеви... и стандардно: голем избор на кафиња, храна...
16/06/2013

Последен ден на Coffee Fest Skopje, програми за деца, latte art, чаеви... и стандардно: голем избор на кафиња, храна...

Денес на  Coffee Fest Skopje od 21 часот настап ќе имаат Lazy  kidz visualz - група која изведува визуелни перформанси в...
15/06/2013

Денес на Coffee Fest Skopje od 21 часот настап ќе имаат Lazy kidz visualz - група која изведува визуелни перформанси во живо.
Дуо на визуелни вљубеници од Скопје, кои ја користат модерната технологија во оживување на „старите“ слики.
Нивната презентација преку видео проектор на непрекинати слики и колажи вклопени во ритамот на музиката имаат за цел да допрат што подлабоко до незаситеното човечко око и да креираат тотално доживување кај публиката.

И јас сакам денес да одам на Coffee Fest Skopje ...
15/06/2013

И јас сакам денес да одам на Coffee Fest Skopje ...

15/06/2013
Сабота претпладне - детски креативни работилници и едукативна програма за кафето. Забава за целата фамилија што би се ре...
14/06/2013

Сабота претпладне - детски креативни работилници и едукативна програма за кафето. Забава за целата фамилија што би се рекло... Покрај стандардните содржини како голем избор на кафиња, храна...

За денес ви организиравме After work забава со лесна вечера и за забава Cover Band Session Selection. Повелете
14/06/2013

За денес ви организиравме After work забава со лесна вечера и за забава Cover Band Session Selection. Повелете

Address

Кафе Бар АБЦ, бУлица Илинден б. б
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Coffee Fest Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category