25/03/2026
Повик за учество во ПлоштАрт зоната на Д Фестивал 2026!
Драги уметници, креативци, спортисти, културни двигатели и пријатели, со големо задоволство го отвораме овогодинешниот повик за учество во ПлоштАрт – најтоплото, најживо и најкреативно катче во срцето на фестивалот.
ПлоштАрт е местото каде што посетителите го поминуваат најголемиот дел од денот – простор за нови средби, разговори и идеи, за одмор под сенка, за игра, смеа, работилници, филмски проекции и мали магични моменти што остануваат долго во сеќавање.
Постои место за тебе во оваа програма ако:
• Си уметник и имаш идеја како да го разубавиш просторот пред или за време на фестивалот
• Создаваш свои производи или рачно изработуваш накит, облека, tote bags, ранчиња, слики, постери или декорации и сл.
• Имаш концепт за интерактивни или спортски активности како јога, зумба, фитнес, игри или нешто сосема поинакво што ќе ја раздвижи публиката и камперите
• Си дел од организација што работи со млади и се грижи за нивното ментално, физичко или културно здравје
• Си козметичар и сакаш да внесеш фестивалска магија со бои, шари и светки на лицата на посетителите
• Имаш оригинална идеја што мислиш дека може да ја збогати ПлоштАрт програмата
ПлоштАрт е простор за слободно изразување, соработка и споделување креативност – место создадено за сите што сакаат да остават свој белег и да бидат дел од нашата тридневна фестивалска приказна.
Пријави се на: https://forms.gle/NadmguxHhyu1511q8
Рок за пријавување: 31.03.2026