Public Room

Public Room Место каде може да изнајмите соба и организирате настан; да уживате во coworking, вкусен оброк, стенд ап, изложба, бенд, диџеј, детска програма и многу повеќе!
(1347)

Место каде може да изнајмите соба и организирате настан;
да уживате во coworking, вкусен оброк, стенд ап, изложба, бенд, диџеј, детска програма и многу повеќе!

📣 Public Room ги повикува претставниците на креативните индустрии и култура во Македонија на кои им е потребен простор и...
02/10/2026

📣 Public Room ги повикува претставниците на креативните индустрии и култура во Македонија на кои им е потребен простор и поддршка за реализација на своите кретаивни проекти во 2027 година!

Како претставници на независната културна сцена ги повикуваме сите дизајнери, архитекти, ликовни уметници, музичари и музички групи, стенд ап комичари, театарски групи, занаетчии, организатори на настани и други да се пријават за поддршка за реализација на своите проекти во 2027 година.

Вид на проекти кои се добредојдени:
· Музички настапи
· Поетски читања
· Стенд ап комедија
· Изложби (дизајн, архитектура, ликовна уметност)
· Креативни работилници
· Саеми и базари
· Креативно кулинарство и слични иновативни проекти.

На основ на повикот кој следи од страна на Министерството за култура, на креативниот сектор потребна му е институционална поддршка. Истата ќе биде овозможена од страна на Public Room со цел што поголем број на програмски активности од назависната културна сцена бидат поддржани со простор, опрема и промоција.

✉️ Сите заинтересирани страни можат да се обратат за поддршка на
Email: [email protected]
SUBJECT: име и презиме на предлагач/ автор / група/ фирма
Во mail пораката испратете наведете:
· краток опис ( не повеќе од 100 зборови) за каков тип на настан сте заинтересирани,
· одговорно лице и контакт податоци,
· посакуван периодот на реализација,
· технички потреби.

Краен рок за пријавување, 15. октомври 2026 🗓️
Ве очекуваме! 📮

Остануваат уште само 5 дена за пријавување на тринаесеттото издание на Skopje Design Week! 🤩Пријавете се до 5 октомври и...
01/10/2026

Остануваат уште само 5 дена за пријавување на тринаесеттото издание на Skopje Design Week! 🤩

Пријавете се до 5 октомври и бидете дел од изложбите или викенд базарите на овогодинешниот Фестивал за дизајн 🛋️✨

🎨 EXPO ZONE 21–27 ноември
🧶 HANDICRAFTS BAZAAR 21–22 ноември
🧒 HANDICRAFTS by KIDS 22 ноември

Дознајте ги сите детали и пријавете се на:
skopjedesignweek.com

29/09/2026

Колку пат поминала храната пред да стигне до вашата чинија? А што ако следниот пат ја избереме онаа што доаѓа многу поблиску до нас?

Во нашето соседство има луѓе кои садат, одгледуваат, произведуваат, пакуваат и продаваат. Луѓе чии производи можеби веќе ги имаме дома, без воопшто да ја знаеме приказната зад нив.

На 3 октомври правиме мал чекор назад кон пократок пат, посвежа храна и директна врска со оние што ја произведуваат. Затоа што секогаш кога избираме од кого ќе купиме, поддржуваме нечие време, труд и работа. А токму од таквите мали избори се гради силна локална заедница. 🌱

📍 Јавна Соба
📅 3 октомври
⏰ 10:00 часот

🎥 Погледни го Reel-от и дознај зошто локалното може да биде подобар избор и за нас и за природата.

Едукативното видео е изработено во рамки на проектот NDICI CSO/2023/448-324 – Rebooting the Food System: Youth Engagement for Agroecology and Due Diligence, финансиран од DEAR Programme и координиран од CEEweb for Biodiversity.

Козјо сирење произведено во хармонија со природата и со грижа за благосостојбата на животните. 🐐🌿„Кози Млеко Планина“ е ...
29/09/2026

Козјо сирење произведено во хармонија со природата и со грижа за благосостојбата на животните. 🐐🌿

„Кози Млеко Планина“ е мала семејна фарма од с. Раштак, Скопска Црна Гора, со 14 години искуство во производство на козји млечни артистички сирења.

За нив, одговорното одгледување на козите значи почитување на природата, сезонските промени и природниот ритам на животните. Токму за својот пристап кон одгледувањето и производството, фармата го има добиено меѓународното признание Resistenza Casearia, доделено од Slow Food International.

На 3 октомври ќе имате можност да ги пробате нивните специјалитети од Скопска Црна Гора на Саемот на храна во Јавна Соба.

📍 Јавна Соба
📅 3 октомври
🕙 10:00 часот

Дојдете да ги запознаете локалните производители, да ги пробате нивните производи и да откриете што значи кога храната има своја приказна.

Се гледаме на саемот! 🌱

Оваа објава е подготвена во рамки на проектот NDICI CSO/2023/448-324 – Rebooting the Food System: Youth Engagement for Agroecology and Due Diligence, финансиран преку DEAR Programme и координиран од CEEweb for Biodiversity

Со „Holymood“, Џоле Максимовски не создава музика за да избега од реалноста, туку простор во кој таа може поинаку да се ...
28/09/2026

Со „Holymood“, Џоле Максимовски не создава музика за да избега од реалноста, туку простор во кој таа може поинаку да се почувствува, низ слободата, соработката, импровизацијата и звукот што се раѓа меѓу музичарите. На 8 октомври во Јавна соба, Џоле Максимовски и неговиот состав ќе го претстават „Holymood“ пред публика, со нови композиции, гости и простор за музиката повторно да се случи во реално време.

Набавете ги вашите билети на tix.mk 🎫
Прочитајте повеќе на МКД.МК

Има албуми што можат лесно да се сместат во некоја жанровска фиока. „Holymood“, новиот авторски проект на Џоле Максимовски и Maksimovski United, очигледно не е еден од нив. Во не...

🇪🇸 Овој октомври, вкусот на Шпанија пристигнува во Public Room! 🥘🍷По повод 30 години дипломатски односи меѓу Кралството ...
28/09/2026

🇪🇸 Овој октомври, вкусот на Шпанија пристигнува во Public Room! 🥘🍷

По повод 30 години дипломатски односи меѓу Кралството Шпанија и Македонија, ве покануваме на едно посебно шпанско попладне, со автентични шпански јадења и многу сангрија! 😍

На менито ќе ве очекуваат:
🥗 Ensalada de pollo – кремаста салата со пилешко, зеленчук и зачини
🍅 Pan con tomate – потпечен леб со лук и домати
🦐 Gambas al ajillo – ракчиња со лук, магдонос и маслиново масло
🥔 Spanish tortilla – традиционална шпанска тортиља / омлет
🌶️ Patatas bravas – компири на шпански начин со пикантен сос на страна
🍷 И, секако – сангрија! 🍊🍓

📅 17 октомври, сабота
🕑 14:00 часот
🎟️ Билети во претпродажба на tix.mk, по цена од 600 ден.

¡Salud! 🍷

Целосната неделна програма во Public Room, на едно место.Се гледаме на 50-та Дивизија бр.22
28/09/2026

Целосната неделна програма во Public Room, на едно место.

Се гледаме на 50-та Дивизија бр.22

Направете роденденска забава во која сите гости ќе уживаат!Во Public Room имаме пространo поткровје за помалите славениц...
28/09/2026

Направете роденденска забава во која сите гости ќе уживаат!

Во Public Room имаме пространo поткровје за помалите славеници, каде што ќе се собере целото семејство и сите родители, како и помали простории за drop-off забавите на поголемите и тинејџерите 🎈

📞 Дознајте повеќе на 089 250 554
📧 [email protected]

Простории за настани, уредени според вашите потреби и вашиот вкус!Во Public Room можете да одберете една или повеќе од в...
28/09/2026

Простории за настани, уредени според вашите потреби и вашиот вкус!

Во Public Room можете да одберете една или повеќе од вкупно седумте простории, да се потпрете на нас за организацијата и промоцијата и да уживате во одлично кафе и вкусна храна додека трае вашиот настан! ☕🍴

📞 Дознајте повеќе на 078 250 554
📧 [email protected]

Address

50 Divizija Br. 22
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 00:00
Tuesday 08:00 - 00:00
Wednesday 08:00 - 00:00
Thursday 08:00 - 00:00
Friday 08:00 - 01:00
Saturday 09:00 - 01:00
Sunday 09:00 - 00:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Public Room posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share