01/03/2026
Вкупно сто дваесет и шест години затвор досуди грчкиот суд на четворица обвинети за следење на новинари, политичари и други јавни личности преку шпионскиот софтвер „Предатор“. Скандалот околу „Предатор“ избувна во 2022 година, кога во јавноста излегоа тврдења дека новинар и политички лидер биле следени. БИРН следеше како од случајот беше амнестирана грчката тајна служба, а премиерот Мицотакис ја преживеа аферата. Најинтересното во целиот случај е што софтверот беше развиван во Македонија. Прочитајте повеќе: https://prizma.mk/grchki-sud-osudi-chetvoritsa-direktori-vo-vrska-so-shpionskiot-softver-predator/