02/02/2026
🎉 Официјален почеток на проектот RS4MH! 🎉
Во декември 2025 година официјално започна нашиот нов европски проект RS4MH – Racket Sports for Mental Health, кофинансиран од Европската Унија 🇪🇺
📍 Почетниот (kick-off) состанок се одржа во Пазарџик, Бугарија, во организација на координаторот на проектот Тениски клуб Фаворит, каде што се одржа првиот транснационален состанок на проектните партнери.
🤝 Се запознавме со партнерите кои присуствуваа во живо од:
🇱🇻 Универзитетот во Латвија
🇭🇺 Tisza Tollas SE
🇷🇴 Siderurgistul Galați
💻 Онлајн се приклучија и партнерите од:
🇩🇪 Tennis Club Bernhausen e.V.
🇬🇷 Filathlitikos Tennis Academy
📋 За време на состанокот детално се дискутираше за временската рамка на проектот, работните пакети, улогите и одговорностите на секоја организација, како и стратегијата за успешна имплементација. Проектот ќе се реализира во период од 24 месеци, со тесна соработка меѓу сите партнери.
🎾 Што е RS4MH?
RS4MH има за цел да го унапреди образованието преку спортот и значително да го подобри квалитетот на тренерската работа на ниво на европски рекреативни клубови, со фокус на:
✔ тенис
✔ бадминтон
✔ сквош
✔ пинг-понг
Проектот ќе развие, пилотира, евалуира и дисеминира иновативен и научно заснован модел наменет за спортски клубови и европски средни училишта, насочен кон:
👥 млади спортисти на возраст 14–19 и 16–23 години, како и
👨🏫 нивната најблиска поддршка — тренери, наставници по ФЗО и родители.
🧠 Мисијата на RS4MH е зајакнување на свеста за менталното здравје, физичката писменост и практичните вештини кај:
✔ 30 тренери во спортови со рекети
✔ 30 наставници по физичко и здравствено образование
✔ 60 родители
Преку структурирани обуки, докажани едукативни модули и иновативни практики базирани на спорт, проектот има за цел да изгради сеопфатен систем за поддршка на менталната благосостојба на младите низ Европа 🌍💙