SUGS "Lazar Tanev"

SUGS "Lazar Tanev" Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from SUGS "Lazar Tanev", Caterer, Илија Бојаџиев бр. 3, Skopje.
(1)

Средното училиште на Град Скопје ,,Лазар Танев” е најголемо средно стручно училиште во нашата земја кое образува, воспитува и продуцира кадар за потребите на угостителско-туристичката индустрија на Република Северна Македонија.

28/07/2026

👔 За првпат, бесплатни униформи за сите ученици во прва година од средните училишта!

🎓 Училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ.

🫵 Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и попријатна средина за сите ученици.

За првпат, секој ученик запишан во прва година во средните училишта ќе добие бесплатна училишна униформа.

✔️ Со оваа мерка ги намалуваме социјалните разлики, го олеснуваме финансискиот товар на семејствата и им овозможуваме на учениците целосно да се насочат кон она што е најважно - образованието, личниот развој и градењето на својата иднина.

Униформите ќе придонесат и за воспоставување еднаков и достоинствен кодекс на облекување, практика која со години се применува во голем број современи образовни системи.

✔️ Со низа конкретни мерки го претвораме училиштето во вистинска основа за знаење, успех и иден кариерен напредок.
Во средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено, почитувано и еднакво, без разлика на економскиот статус на неговото семејство.

Затоа што вредноста на еден ученик не се мери според облеката што ја носи, туку според знаењето, карактерот и соништата што ги гради.

♥️ Влогот во најмладите е влог во иднината!

📢 ВТОР УПИСЕН РОК во СУГС „Лазар Танев“ – Скопје!Остануваат уште слободни места за одредени образовни профили.Искористет...
21/06/2026

📢 ВТОР УПИСЕН РОК во СУГС „Лазар Танев“ – Скопје!

Остануваат уште слободни места за одредени образовни профили.
Искористете ја можноста и изберете стручно образование кое нуди практични вештини, сигурно вработување и професија со иднина.

Донесете ја комплетната документација во училиштето, а ние ќе ви помогнеме со електронското пријавување.

Избери паметно. Избери професија. Избери сигурна иднина.
Запиши се – те очекуваме! 💙💛

#ЛазарТанев #ВторУписенРок #Уписи2026 #СтручноОбразование #ПрофесијаСоИднина #СигурноВработување

📢 ВТОР УПИСЕН РОК во СУГС „Лазар Танев“ – Скопје!Останати се уште неколку слободни места за одредени образовни профили. ...
19/06/2026

📢 ВТОР УПИСЕН РОК во СУГС „Лазар Танев“ – Скопје!

Останати се уште неколку слободни места за одредени образовни профили. Вториот уписен рок е можност за вистински избор – изберете паметно, изберете професија со иднина!

Донесете ја комплетната документација во училиштето, а ние ќе ви помогнеме и ќе го спроведеме електронското пријавување.

📅 Електронско пријавување: 23 јуни 2026 година

📄 Доставување документација: 24 јуни 2026 година, од 08:00 до 15:00 часот

📍 СУГС „Лазар Танев“ – Скопје, ул. „Илија Бојаџиев“ бр. 3
☎️ 02 3085 035

Запиши се! Те очекуваме! 💙💛

#ЛазарТанев #ВторУписенРок #Уписи2026 #СтручноОбразование #ПрактичнаНастава #ПрофесијаСоИднина

Почитувани ученици и родители,Резултатите од првиот уписен рок за прием на ученици во СУГС „Лазар Танев“ – Скопје се обј...
18/06/2026

Почитувани ученици и родители,

Резултатите од првиот уписен рок за прием на ученици во СУГС „Лазар Танев“ – Скопје се објавени и достапни на нашата интернет страна.

Резултати и ранг листи – Прв уписен рок Јун 18, 2026 | Новости, Соопштенија ПРВ УПИСЕН – ФИНАЛ СИТЕ Submit a Comment Откажи одговорВашата адреса за е-пошта нема да биде објавен...

12/06/2026
11/06/2026
„СПРЕМНИ ЗА СРЕДНО!“ 🎓Учениците од СУГС „Лазар Танев“ беа дел од големата полуматурска прослава „Спремни за средно!“, ор...
11/06/2026

„СПРЕМНИ ЗА СРЕДНО!“ 🎓
Учениците од СУГС „Лазар Танев“ беа дел од големата полуматурска прослава „Спремни за средно!“, организирана од Општина Кисела Вода за сите деветтоодделенци кои оваа година го завршуваат основното образование.

Во спортската сала „Независна Македонија“ при ООУ „Невена Георгиева Дуња“, повеќе од 500 полуматуранти имаа можност заеднички да го прослават крајот на едно значајно животно поглавје и да се подготват за новите предизвици што ги носи средното образование.

Учениците од СУГС „Лазар Танев“, предводени од проф. Дарко Миладиноски, активно се претставија пред идните средношколци, при што преку дружење и непосредна комуникација ги запознаа деветтоодделенците со можностите, образовните профили, активностите и успесите на училиштето.
Им посакуваме многу успех на сите полуматуранти и се надеваме дека дел од нив ќе го изберат токму СУГС „Лазар Танев“ како свое идно училиште.

🍰 СлаткарСлаткарите стекнуваат умешност за подготовка на десерти, торти и декоративни слатки. Оваа креативна и уметничка...
07/06/2026

🍰 Слаткар

Слаткарите стекнуваат умешност за подготовка на десерти, торти и декоративни слатки. Оваа креативна и уметничка професија е идеална за оние со прецизност и страст кон естетиката на храната. Учениците имаат можност за пракса во познати слаткарници. Слаткарскиот занает е сѐ популарен и нуди одлични можности за самостоен бизнис или ангажман во современи и креативни слаткарници со високо реноме.

Твојата иднина започнува во нашето училиште „Лазар Танев“!
Избери занает со иднина – создај кариера со сигурност!
Избери професија што нуди иднина – учи, создавај, води!
Во „Лазар Танев“ те чекаат вистински вештини, реална пракса, сигурна иднина и бескрајни можности! Твојата кариера започнува со само една одлука – запиши се денес!

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

Address

Илија Бојаџиев бр. 3
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when SUGS "Lazar Tanev" posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category