15/04/2026
Како цвеќето кое без вода не може да никне, и топката не може сама да даде гол, мора некој да ја шутне, не да чека ветер да ја дувне!
Дојде време да побараме помош од вас, за да ни помогнете повторно да си го оставриме нашиот сон за збогатувањето на културните програми на целата држава. Иако сите ние и вие си поминавме лудо и незаборавно на ланското патешествие, нашата радост не им значеше ништо на тие кои ја имаат одлучувачката моќ за тоа кои културни дејности заслужуваат да добијат средства. Затоа, потребен ни е секој ваш денар, за да продолжиме да си поминуваме лудо и незаборавно - до толку гласно да свириме, пееме и играме, што можеби нашите крици ќе стигнат и до тие безлични одаи во нашите институции каде луѓе во одела одлучуваат како најдобро да си ги поделат нашите пари меѓу себе.
Донирајте на - https://ecrowd.mk/projects/de0c3066-8717-4327-85e0-d7083c5e4269
Се гледаме, на терен! Со музика и игра, заедно, да дочекаме мајски пролетни ноќи.