12/03/2026
Ексклузивен Перформанс на ДЈ Хугел во Скопје! 🎤🇲🇰
📅 Петок, 13ти Март, 2026, ⏰ 21:00ч.
📍А1 Арена Борис Трајковски, Скопје 🇲🇰
🎫 Останати карти:
↳ Партер - 1800 ден;
↳ Фан Пит - 2200 ден;
↳ Пакети со 4 карти и барска маса (резервација) од 14.000ден.
ℹ️ Инфо, резервации и карти: ☎️ 074 246 494
ℹ️ℹ️ℹ️
HUGEL се враќа во Македонија, по лудиот, незаборавен и епски настап во Охрид, француската DJ суперѕвезда повторно доаѓа но овојпат во Скопје и тоа погласен и пожесток од било кога!
По серија настапи ширум светот и впечатливиот сет во Охрид, моментално најпопуларниот DJ и продуцент HUGEL ќе настапи во СЦ „Борис Трајковски“ на 13 март 2026. Настанот претставува едно од најголемите електронски музички случувања во регионот за 2026 година.
HUGEL е DJ и продуцент со глобално влијание, присутен на најголемите светски фестивали и клубови: Tomorrowland, Ushuaïa Ibiza, Parookaville и десетици меѓународни сцени. Неговиот уникатен стил, кој спојува tech-house, latin-house и европски клубски звук, редовно е меѓу најстримираните на глобалните платформи.
По настапот во Охрид, кој беше оценет како еден од најзапаметените електронски настани оваа деценија, очекувањата за концертот во Скопје се значително зголемени.
Публиката ќе добие светско ниво на шоу, со продукција која е комплетно усогласена со стандардите што HUGEL ги изведува на светските сцени.
•
•
•
•
•
#хугел #скопје #концерт