09/01/2026
Вчера вечер во Занаетчискиот дом во Куманово беше промовирана аудиокнигата која произлезе од детските творби на тема ,,Божиќ" кои пристигнаа на конкурсот кој го распишавме во соработка со ,,Друштвото на писатели од Куманово".
https://youtu.be/ipZdu7flKYA?si=ufJYUjMWq4omxjOB
Настанот го осмисли и го отвори почитуваниот Никица Јанковски.
Присутните видоа кратко видео за тоа како се подготвуваше целата ,,Бадникова поворка" вклучително и снимањето на аудиокнигата.
Детскиот хор под раководство на Јован Цветковиќ и Бојана Атанасовска испеа Божиќни каланди.
Беа доделени награди за основците и средношколците, победници на конкурсот.
Беа доделени благодарници на сите деца-рецитатори чии гласови ги слушаме во аудиокнигата, како и за сите кои ја помогнаа и поддржаа Бадниковата поворка во 2026 година на различни начини.
Сполај Ти Боже, Кој во пештера скромна се раѓаш за спасение на светот!
Со Божикната радост, срца да стоплиме! 🌟♥️✨