DigiWed

DigiWed Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from DigiWed, Wedding planning service, Bitola.

DigiWed е Македонски start up, кој има за цел да го поедностави организирањето на Вашата свадба, а воедно и да понуди место за промовирање на бизнисите кои се поврзани со свадбената индустрија.

Здраво на сите!Во последниов период не бевме многу активни на странава, но тоа не значи дека не работевме во позадина. С...
05/04/2025

Здраво на сите!

Во последниов период не бевме многу активни на странава, но тоа не значи дека не работевме во позадина. Сакаме со Вас да споделиме некои новости што се случија, а не ги објавивме.

1. Учествувавме на повикот за стартапи на Startup Club Skopje , #ИмамИдеја2 кој беше на крајот на минатата година. Од 150 пријавени идеи, влеговме во првите 30. Во просториите на Startup Club Skopje, се запознавме со програмата, менторите и останатите стартапи. Ја презентиравме нашата идеја, DigiWed, и наидовме на многу позитивни коментари, идеи и сугестии како можеме од идеја да станеме вистински стартап од Македонија. Во тие 2 дена, ја разработивме идејата и pitch-овавме пред менторите. Идејата беше одлично прифатена, и влеговме во финалните 15 стартапи, како единствен стартап од Битола, кои влегоа во инкубаторската програма и добиваат шанса да работат на идејата, со помош и поддршка од Startup Club Skopje, менторите и предавачите кои се дел од оваа програма.

2. Од средината на Јануари, инкубаторската програма започна со предавања, учејќи и работејќи од врвни македонски, но и светски ментори од стартап екосистемот, за да се подготвиме за Демо Денот и да ја изградаме нашата идеја до успешен бизнис.

Сакаме јавно да изразиме благодарност до Startup Club Skopje, за целосната поддршка од самиот почеток и разбирањето.

Исто, голема благодарност и до ProCredit Bank Macedonia кои се главниот спонзор на оваа инкубаторска програма, и кои несебично даваат поддршка на новите стартапи и младите претприемачи од Македонија.

Следете нè за возбудливите новости и како ќе ви помогнеме да ја организирате Вашата свадба со неколку клика.

04/04/2025

🎉Планирањето на свадбите станува полесно со DigiWed 🎉

Кога ја планиравме нашата свадба, сфативме колку е застарен и стресен процесот. Во Македонија, но и на Балканот, планирањето свадба најчесто се сведува на јавување на пријатели и роднини, барање препораки и обиди да се најдат вистинските услуги. Нема јасен начин да ги споредите цените, да проверите достапност или да ги видите сите опции на едно место.
Знаевме дека мора да постои подобро решение - и така се роди идејата да ја креираме нашата платформа DigiWed.

Проблемот што го решаваме?
Планирањето свадба значи справување со безброј детали, а едни од најголемите предизвици за младоженците се:
- Пронаоѓање на совршената локација. Пребарувањето, јавувањето во секој објект поединечно и чекањето одговори може да трае со недели.
- Резервирање музика. Без разлика дали сакате DJ или бенд, тешко е да најдете препораки, а цените се нејасни.
- Обезбедување фотограф. Наоѓањето фотограф кој одговара на вашиот стил и буџет обично значи бесконечно скролање на социјалните мрежи.
- Останување во рамки на буџетот. Трошоците брзо излегуваат од контрола кога нема начин да се споредат цените на услугите однапред.

Како DigiWed го прави планирањето на свадба едноставно?
Со DigiWed добивате дигитална платформа каде што сите свадбени услуги се на едно место. Замислете да пребарувате, споредувате и резервирате локација, DJ, бенд, фотограф и други услуги – сè од удобноста на вашиот дом. Нема повеќе неизвесност, нема повеќе стрес и знаете колку точно би ве коштала одредена услуга.
- Лесно пронајдете ги и споредете ги услугите. Видете ги сите опции со цени и достапност на едно место.
- Резервирајте со сигурност. Прочитајте рецензии, погледнете портфолија и контактирајте директно.
- Останете во рамки на буџетот. Споредете цени и најдете најдобри услуги во склоп на Вашиот буџет.
- Заштедете време и енергија. Нема повеќе бесконечни телефонски повици, само неколку клика за да ја испланирате Вашата совршена свадба.

Сакаме да ја револуционизираме организацијата на свадби, почнувајќи од Македонија, но и на Балканот – правејќи ја полесна, потранспарентна и без стрес за сите.

Следете нè за новостите, кои ќе ви помогнат за самостојно оганизирање на Вашата свадба!

01/08/2024

Поканете ги Вашите пријатели, со уникатни, персонализирани, дигитални видео покани за Вашата свадба.

Брза и квалитетна изработка, со можност за корекции и поправки.

Вашето задоволство ни е приоритет.

Зачувајте ја животната средина, преминете на дигитални покани.

30/07/2024

Поканете ги Вашите пријатели, со уникатни, персонализирани, дигитални видео покани за Вашата свадба.

Брза и квалитетна изработка, со можност за корекции и поправки.
Вашето задоволство ни е приоритет.

Зачувајте ја животната средина, преминете на дигитални покани 🌎

21/07/2024

Зошто користењето на дигитални покани е подобро од печатените покани?

💚 Eco-Friendly: Се грижите за планетата, со тоа што ги штитите дрвјата и го намалувате отпадот. Нема хартија, нема принтање, нема возење околу за достава.

💸 Cost-Effective: Цената на дигиталните покани е пониска во споредба со печатените. Кажете му збогум на трошоците за печатење, па праќање, и го намалува стресот дали сте им пратиле некому покана или не.

⏱ Брза испорака и промена. Дигиталните покани се одлични доколку имате некоја промена во последен момент. Дали е тоа време на почеток, на прием на гости , или место на оддржување.

🎨Персонализирани и креативни: Можете целосно да ги персонализирате со тоа што ќе ја додадете Вашата омилена боја, слика или видео од запросување, песна и слично. Можностите се бесконечни.

🌍 Wider Reach: Испраќањето на дигитални покани е многу полесен, побрз и hassle free начин да ги поканете Вашите пријатели, без разлика каде тие се наоѓаат моментално во светот. И да, сигурни сте дека ќе ја добијат поканата во истиот момент штом ја испратите.

🖨 Нема печатени грешки: Избегнете го стресот кој може да се случи при печатењето на поканите. Кај дигиталните покани, многу е полесно да се исправи грешката, која би настанала пред испраќањето на поканите.

💾 Спомен: Претставуваат спомен кој може да се зачува и да ве потсеќа на Вашата прослава, засекогаш. ❤️

20/07/2024

Поканете ги Вашите пријатели, со уникатни, персонализирани, дигитални видео покани за Вашата свадба.

Брза и квалитетна изработка, со можност за корекции и поправки.
Вашето задоволство ни е приоритет.

Зачувајте ја животната средина, преминете на дигитални покани 🌎

20/07/2024

Поканете ги Вашите пријатели, со уникатни, персонализирани, дигитални видео покани за Вашата свадба.

Брза и квалитетна изработка, со можност за корекции и поправки.

Вашето задоволство ни е приоритет.

Зачувајте ја животната средина, преминете на дигитални покани 🌎

20/07/2024

Поканете ги Вашите пријатели, со уникатни, персонализирани, дигитални видео покани за Вашата свадба.

Брза и квалитетна изработка, со можност за корекции и поправки.

Вашето задоволство ни е приоритет.

Зачувајте ја животната средина, преминете на дигитални покани 🌎

16/07/2024

Како да ги порачате нашите дигитални покани?

Бидете уникатни и грижете се за нашата планета 🌏

09/07/2024

Видео покана за Вашата свадба, која е персонализирана, уникатна и забавна.

Ваше е да ни ја напишете замислата, кој бои би сакале да ги користиме, можеби омилена песна и сл. Наше е да ви ја доставиме во најбрз можен рок. Вие сте вклучени во целиот процес на изработка, се додека не ја доловиме Вашата идеја. Или оставете на нашиот тим да се погрижи и предложи неколку варијации.

Зачувајте ја животната средина, преминете на дигитални покани 🌎

08/07/2024

Изработка на дигитални видео покани по Ваш вкус. Одберете омилена боја, тематика, текст, музика и слично.
Целосно персонализирани покани кои ќе Ве направат среќни Вас и Вашите гости.

Бидете единствени. Бидете оригинални.
Бидете свои.

Зачувајте ја животната средина, преминете на дигитални покани 🌎

Address

Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when DigiWed posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share