18/06/2026
ВИ БЛАГОДАРИМЕ!
Срдечен поздрав и најискрена благодарност до: сите бендови, спонзори, поддржувачи, волонтери, технички екипи, пријатели и соработници кои беа дел од 7-то издание на METAL DISCHARGE.
Ова беше едно навистина прекрасно издание исполнето со моќна енергија, одлични бендови и атмосфера која долго ќе ја паметиме. Особено нѐ радуваше што видовме толку многу млади луѓе од новата генерација во публиката. Токму поради нив постои и расте овој фестивал. Тие се иднината на метал сцената, на алтернативната култура и на заедницата што сите заедно ја градиме.
Голема благодарност до сите кои го помогнаа фестивалот, без разлика дали финансиски, материјално, логистички или на било кој друг начин. Секој придонес е важен и вреден. Заедно покажуваме дека кога луѓето ќе се обединат околу искрена идеја, можат да создадат нешто што носи позитивни промени. Многу ни значи тоа што токму вие сте меѓу ретките кои препознаваат и поддржуваат проекти како нашиот, кои работат и создаваат за подобро утре.
Најголемата благодарност оди до публиката. До сите вас кои патувавте, пеевте, викавте, скокавте, се шуткавте, ја споделувавте вашата чиста енергија, дадовте дел од себе и покажавте што значи вистински фестивалски дух. Без вас METAL DISCHARGE не би бил тоа што е денес.
Ви благодариме што бевте дел од оваа приказна и што заедно го направивме METAL DISCHARGE 7 незаборавен.