20/08/2025
Викендот не очекува третото издание на музичкиот фестивал " Berovo Sound Wave" кој ќе се одржи во градскиот парк во Берово.
Организаторите најавуваат одлична забава и дружење со настап на реномирани Ди-џеј артисти, придружени со светлосни и звучни ефекти и многубројна публика.
Фестивалот веќе трета година ја збогатува културната и туристичка понуда на градот Берово и стана препознатлив по позитивната енергија, кој ги следи светските музички стилови.
Овој фестивал е единствен во градот кој се организира на 23 Август, датумот кој е симбол на ослободувањето на Берово.
Настанот е закажн во сабота а започнува од 20 часот се до 03 часот наутро.