14/06/2025
Првиот кампинг на I love hiking-Group Macedonia за ова лето, што вклучува и искачување на Меденица (2163мнв) е во склоп на ГалИцко Фестивал, на 21ви јуни.
ПРОГРАМА:
Сабота
- 06:00ч поаѓање од пред Пошта2 на Железничка Станица Скопје
- Пристигнување на селска Ливада пред с.Галичник -08:30 часот
(Тука ги оставате шаторите и вреќите да ви ги чуваат)
- 09:00ч Старт на турата Меденица 2163м
- Искачување на врвот 12:30 часот, сликање со знамињата
- Спуштање во с.Галичник, дружење, и упатување кон ливадата за местење на кампот.
- Уживање во вечерната музика со дружење и “смоки”
Недела
- Станување пиење на утринското кафе, доручек, уживање во ладовините на Бистра
- Дружење со екипата од ГалИцко во с.Галичник
- Враќање кон Скопје во 18:00ч
ОПИС НА ПАТЕКАТА:
Меденица 2163м
- Од селска ливада до врвот МЕДЕНИЦА 2163м патеката води низ селото Галичник по асфалтен пат од 1 км и 300 метри, потоа низ с.Галичник по колски пат се излегува на планинарска патека. Патеката е кривулеста и се движи по ниско стеблеста шума и каменест предел под Говедарник. На самото искачување по Говедарник се доаѓа до широк колски пат, кој е мек за одење и дозволува многу дружење и кој се прати се до под врвот Меденица. Тука се преоѓа на планинарка патека каде изобилува со бусени се до самиот врв. Враќањето е по истата патека.
Должината на патеката е 4,6 км во еден правец што ја прави турата ЛЕСНА со 9,2км вкупно.
Висинската разлика или искачувањето е 700 метри колку едно цело Водно, ние тоа викаме дека треба да е лесно.
Затоа патеката е лесна препорачана за сите што одат на Водно или некоја планина за тренинг.
Препорачана за сите кои сакаат да пробат што значат нашите дружби по планините.
ПОТРЕБНА ОПРЕМА:
- Шушкавец/јакна која штити од ветер
- Високи разгазени чевли
- Планинарски Стапчиња
- Облекување во слоеви
- Крема против УВ зраци
- Капа за сонце
- Очила против УВ зраци
- Шатор/ Вреќа/ Подметач
ИНФО:
- Такса во Национален Парк Маврово не се плаќа само за фестивалот.
- Придржувајте се до програмата на организаторот
ПРИЈАВУВЊЕ, ПРЕВОЗ И ЦЕНА :
Превозот со сопствени возила е бесплатен! Само треба да се пријавите на телефоните долу.
Организиран превоз со комбе за дводневна тура мин 15 луѓе
ЦЕНАТА е 1000 денари.
- Плаќање најдоцна до ПЕТОК (20 Јуни) или до пополнување на местата.
- Информации: среда, четврток , петок 18-20 Паблик Рум.
- Борис ✆ 070-22 99 36
- Славко ✆ 070-742 255 (после 16ч)
- Дејан ✆ 071 212 808
- Јосифовски Дејан ✆ 078 287 261
УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : ПК ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462
***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.
Главен Водич
Дејан Јосифовски
Други водичи: Дејан, Диме, Томас
ИСХРАНА :
- Секој сам си носи храна од ранец (суво овошје, сендвичи, жен-шен , електролити и сл.)
- вода 2,5л најмалку
ВОДА:
- Има кај кампот и во Галичник.
Во линкот подолу е изјавата, која е задолжителна за потпишување пред тргнување со нас, која НИЕ ја обезбедуваме.
https://drive.google.com/.../1gD6hTYPybZG6b.../view...
- За да не дојде до оптоварување на турата, задолжително е пријавување и плаќање однапред.
НАПОМЕНА:
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
п.с. Организаторот не презема никаква одговорност доколку настане штета на комбињата или возилата со кои се патува на турата