18/09/2026
Директната продажба не треба да се потценува и занемари.
Тоа е градење односи, наоѓање на вистинските канали, редовна комуникација и follow-up, преговарање, креирање партнерства — и најважно, добро поврзување на продажбата со дигиталното присуство на хотелот.
Продажниот тим може да инициира, но
дигиталните канали треба да помогнат гостите да ја направат резервацијата.
За да расте бизнисот во овој сегмент, не е доволно само да се објави понуда.
Потребни се стратегија, јасна структура, континуитет, следење на податоци и секојдневен ангажман во продажбата.
А кога бројките почнуваат да паѓаат, тоа не е секогаш само „лош месец“. Понекогаш е знак дека процесот повеќе не се следи, не се мери или едноставно не се одржува како што треба.
Затоа што директниот приход не расте случајно.
Расте кога продажбата и маркетингот работат заедно — како еден комерцијален систем.